SportM
Фудбал

Халанд откри планови за ова лето: Не одам никаде!

Д М26 јун 2020
Халанд откри планови за ова лето: Не одам никаде!

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд во моментов е еден од најбараните играчи на светот, но нема намера да ја напушти Борусија Дортмунд ова лето.

Бројни екипи се заинтересирани за него, пред се ПСЖ, Реал Мадрид и Јувентус. Сепак, во интервју за порталот WAZ, Норвежанецот вели дека тој нема намера да го промени клубот.

“Живеам во сегашноста. Само што дојдов во Дортмунд и не треба да размислувам за заминување во моментот”, рече тој.

“Дортмунд е еден од најголемите клубови во светот. Јас потпишав долгорочен договор и не размислувам премногу за иднината. Сакам да направам нешто важно со Дортмунд, не секогаш да биде втор, да ја освојам титулата што е можно поскоро”, додаде тој.

Патем, Халанд е член на Дортмунд од јануари годинава. Тој одигра 14 натпревари за клубот во Бундеслигата и два во Лигата на шампионите и постигна вкупно 18 голови. Гледајќи ја целата сезона, односно натпреварите во редовите на Ред Бул Салцбург, тој постигна вкупно 44 погодоци на 39 натпревари.

Постојат гласини дека има клаузула од 70 милиони евра во неговиот договор со Дортмунд што може да се активира од 2022 година.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.