SportM
Фудбал

Хамес ги открива понудите од минатото лето: Скоро го напуштив Реал Мадрид

Д М24 јун 2020
Хамес ги открива понудите од минатото лето: Скоро го напуштив Реал Мадрид

Хамес Родригез изјави дека Реал Мадрид не дозволил да се приклучи на друг шпански клуб за време на летниот преоден рок, додавајќи дека тој одбил понуда од италијански и кинески клуб.

Реал Мадрид плати 75 милиони евра за трансферот на Колумбиецот во 2014 година, кога потпиша петгодишен договор по трансферот од Монако, поради импресивните настапи со колумбиската репрезентација на Светскиот куп во Бразил, каде што тој беше најдобриот стрелец.

За жал, 28-годишниот фудбалер не успеа да ја продолжи кариерата во шпанската престолнина на ист начин, губејќи го своето место во првата постава на Зинедин Зидан, и покрај тешкотиите поради формата и повредите.

Хамес се врати во „Сантијаго Бернабеу“ минатото лето по две сезони на позајмица во Баерн Минхен и допрва треба да ги убеди навивачите со неговите настапи. Тој играше на само 14 натпревари оваа сезона, бидејќи се приближува до последната година од неговиот тековен договор.

Поранешната sвезда на Монако се поврзува со трансфер во текот на летниот преоден рок, но тој вели дека истата можност му била понудена и минатото лето, но дека мадридскиот клуб му го блокирал патот.

„Имав добра понуда од шпански клуб, која беше одбиена од Реал Мадрид. Претпочитам да не го кажувам името на клубот. Мислев дека е готово, но тие не ме пуштија да одам во клубот што го посакував. Тие сакаа да одам на друго место“.

„Имав понуда од Италија, но таа не ме убеди, не беше добра. Мојот претставник, Хорхе Мендес, ми рече дека имам понуда и од Кина, но му реков дека не сакам да одам. Не сакав да одам затоа што чувствував дека имам уште многу да дадам во Европа“.

„Никогаш не сум имал никакви проблеми со Зидан. Секој тренер има свој вкус. Имаме нормален работен однос. Јас немам клучна улога, но тренирам и работам да бидам се подобар“.

„Но, размислувам и за мојата иднина. Каде и да сум, сакам да настапам на највисоко ниво. Не знам што ќе се случи во иднина. Но, ако ми се даде опција, би избрал клуб каде би можел да ги докажам моите способности и потенцијал.“ 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.