Connect with us

Фудбал

Хамес потпиша за Евертон, а Реал постигна невообичаен договор со овој тим

Хамес Родригез стана нов член на Евертон.

Екипата од „Гудисон Парк“ го договори доаѓањето на колумбиската sвезда од Реал Мадрид и иако се споменуваат бројки, Евертон засега нема да плати ништо на Кралевите.

Договорот меѓу двата клуба е сосема јасен. Евертон го добива Хамес, а Реал ќе добие пари од следната продажба на фудбалерот, а наводно таа бројка е прилично мала.

Сепак, она од што Реал успеа да се ослободи е огромната плата на Хамес. Заработи околу 20 милиони евра со бонуси во Мадрид и Реал успеа да се ослободи од таа тежина.

loading...

Очигледно и на Хамес му здосади Мадрид. Тој се откажа од скоро 50 проценти од платата што ја имаше во Реал и најважно за него е да игра фудбал.

Хамес пристигна во Реал од Монако во 2014 година за 75 милиони евра, играше како позајмен играч во Баерн две години и забележа 125 настапи за Реал и постигна 37 погодоци.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com