SportM
Фудбал

Хамес Родригез на чекор од трансфер

Д М26 авг 2020
Хамес Родригез на чекор од трансфер

Хамес Родригез нема да го носи дресот на Реал следната сезона.

Колумбискиот фудбалер е еден од фудбалерите на кои не смета тренерот на Кралевите, Зинедин Зидан, но 29-годишниот офанзивен играч од средниот ред нема да има проблем да најде нов клуб.

Хамес во минатото се поврзуваше со голем број тимови, а сега пристигна конкретна понуда во Мадрид. Евертон ги започна преговорите со Реал за трансферот на овој фудбалер и тој е една од главните желби на Карло Анчелоти.

Менаџерот на тимот побара од раководството на клубот да му го донесе Хамес. Тие веќе го започнаа процесот и Колумбиецот би можел да заврши на Островот.

Комплетниот договор би можел да биде комплетиран многу брзо, а Реал може да собере помеѓу 25 и 30 милиони евра за неговите услуги.

Тоа е многу помалку од бројката што ја платија на Монако за него во 2014 година. Тоа изнесуваше 75 милиони евра, но парите што ги вложија за Хамес во Реал никогаш не ги оправдаа.

Хамес играше на позајмица во Баерн две сезони, играјќи 125 натпревари за Реал и постигна 37 гола.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.