Тајмаут
Хамилтон ги продаде сите свои автомобили

Луис Хамилтон, ѕвездата на Ферари и најуспешниот возач на Формула 1 на сите времиња, откри како се ослободил од својата колекција автомобили вредна повеќе милиони евра и се свртел кон нова страст – уметноста.
Седумкратниот светски шампион и рекордер со 105 победи го потврди ова за новинарите во Баку во пресрет на Големата награда на Азербејџан, пишува „GrandPrix247“.
40-годишниот Британец потврди дека неговата гаража, во која некогаш се наоѓале ретки модели на Ферари, Мерцедеси и Мекларени, сега е празна.
„Веќе немам автомобили. Се ослободив од сите мои автомобили, сега повеќе ме интересира уметноста. Ако требаше да купам автомобил, тоа би бил Ферари Ф40. Но, тоа е прекрасно уметничко дело“, рече Хамилтон.
Хамилтон беше фотографиран покрај Ф40 на тест-патеката на Ферари во Фиорано во јануари, кога се приклучи на италијанскиот тим. Долгогодишен еколог и веган, Хамилтон почна да ја намалува својата колекција во 2019 година, продавајќи го својот приватен авион и преминувајќи на електрични модели.
„Јас возам само мојот електричен Mercedes EQC“, рече тој.