Connect with us

Фудбал

Хаос на „Енфилд“: Симеоне за малку ќе се степал со навивач на Ливерпул и со редар (ВИДЕО)

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, за малку ќе влезел во физичка пресметка со еден навивач на Ливерпул и со редар за време на славењето на домашните по доцниот победнички гол во Лигата на шампионите. Темпераментниот Аргентинец доби црвен картон поради својата реакција.

Камерите го забележаа моментот кога навивач на Ливерпул му дофрлуваше на Симеоне, по што тренерот му пријде и се соочи со него. До инцидентот дојде среде еуфоријата на „Енфилд“, откако капитенот Вирџил ван Дајк со удар со глава во 92-та минута го совлада Јан Облак и ѝ донесе победа на екипата на Арне Слот.

Но, тоа не беше сè – Чоло влезе и во расправија со еден редар, а дури и го турна.