Connect with us

Фудбал

Хаос во Баерн Минхен, Родригез го нападнал Ковач: Ова не е Ајнтрахт Франкфурт

Баерн Минхен три натпревари нема победа. Два меча во Бундеслигата, и еден во Лигата на шампионите, па поради тоа е запален „алармот“ во најтрофејниот германски тим. „Баварците“ до сега ретко се во ваква ситуација, а од тука порасна незадоволството кај играчите од тренерот Ковач.

Германските медиуми пишуваат дека веднаш по „ремито“ со Ајакс во ЛШ на домашен терен, во соблекувалната своето незадоволство го истакнал Џејмс Родригез кој што останал на клупата за резерви. Тој наводно односот на Ковач го прокомнтирал со зборовите: „Ова не е Ајнтрахт Франкфурт“.

Тиражниот „Билд“ оди подалеку и кажува дека Ковач со неговиот брат и со тренерот на голманите Тони Топаловиќ, како и со спортскиот директор често зборува на хрватски јазик, со што ги прекршува правилата и според некои тоа е израз на непочитување. Исто така му замеруваат за лошата тактика како и честите ротации во составот.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com