SportM
Фудбал

Хари Кејн најдобар играч на 4. коло од Лигата на шампионите

Д М9 ное 2018
Хари Кејн најдобар играч на 4. коло од Лигата на шампионите

Напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн беше избран за најдобар играч на четвртата рунда од Лигата на шампионите.

Кејн одигра одлично против ПСВ Ајндховен на Вембли и со два гола во финишот на натпреварот направи пресврт и му донесе победа на својот тим.

Освен Кејн во натпреварот за најдобар играч на 4. коло беа Милан Павков од Црвената Звезда, Ријад Марез од Манчестер Сити и Карим Бензема од Реал Мадрид.

На ова додаваме дека Кејн има четири гола во претходниот дел од Лигата на шампионите, а неговиот тим во следното коло ќе игра на домашен терен против Интер.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.