SportM
Фудбал

Хасан Салихамиџиќ најави интересно лето во Минхен: „Нека биде изненадување“

Д М9 мај 2022
Хасан Салихамиџиќ најави интересно лето во Минхен: „Нека биде изненадување“

Хасан Салихамиџиќ им најави на навивачите на Баерн дека клубот ќе се обиде да го засили тимот во летниот преоден рок.

Од баварскиот гигант не треба да се очекуваат спектакуларни засилувања. Поголемиот дел од тимот кој моментално е тука ќе остане, но поради напорната сезона Салихамиџиќ и друштвото сакаат да го прошират ростерот на тимот со уште неколку квалитетни играчи.

Говорејќи за Скај Германија, Салихамиџиќ не ги спомна имињата на играчите што ги следи.

„Нека биде изненадување, но треба да почекаме и да видиме што е можно, а што не. Имаме креативни идеи, но за нив ќе зборуваме во текот на летото“, рече Хасан Салихамиџиќ.

Нема да има засилување на стоперската позиција и покрај заминувањето на Никлас Суле во Борусија.

“Лукас Ернандез, Дајот Упамекано, Бенџамин Павард и Тангуј Нианзу се тука. Имаме четворица многу добри стопери и навистина не знам дали има тим со такви четворица играчи. Верувам во нашиот тим”.

Тој не кажа премногу за случајот на Роберт Левандовски:

„Ќе продолжиме со разговорите со него и ќе видиме што ќе се случи“, а потоа премина кај Серж Гнабри со кого се преговара за нов договор.

„Имаме одредени граници и се трудиме да им ги дадеме најдобрите понуди на сите играчи. Тоа им е доволно. Серж е одлично момче, ми се допаѓа како човек и би сакал да го задржам. Немаме рок за преговори, ќе разговараме“, рече Салихамиџиќ.

„Немам одредена сума пари. Веќе продолживме одредени договори и се обидуваме да го задржиме германското јадро во тимот. Следната сезона носи големи предизвици. Ќе имаме три натпревари неделно поради Светското првенство и ние бараме да донесат уште играчи. Ќе се погрижиме за се“, изјави Хасан Салихамиџиќ.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.