SportM
Фудбал

Хауард се врати, има нов клуб

Д М5 мар 2020
Хауард се врати, има нов клуб

Прославениот американски голман Тим Хауард (40) се врати во фудбалот.

Хауард одлучи во септември 2019 година да стави крај на својата богата фудбалска кариера, но во меѓувреме го прекина пензионирањето и најде нов клуб.

Странските медиуми објавија дека Хауард ќе застане на голот на Мемфис, клуб кој се натпреварува во УСЛ Лигата, од кој е косопственик и спортски директор.

„Обожавам да играм и сакам да се натпреварувам и ова ми дава можност да го сторам сето тоа. Од моето пензионирање, мојата опсесија кон фудбалот се зголеми. Желбата за победа продолжува да ме разгорува”, изјави Хауард за Би-Би-Си.

Тој најголемиот дел од кариерата го помина во Англија, каде што бранеше за Манчестер Јунајтед и Евертон, со зад себе повеќе од 400 натпревари во Премиер лигата. Тој исто така одигра 121 натпревар за американската репрезентација.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.