SportM
Фудбал

Хендерсон по само шест месеци сака да го напушти Манчестер Јунајтед

Д М22 ное 2020
Хендерсон по само шест месеци сака да го напушти Манчестер Јунајтед

Голманот на Манчестер Јунајтед, Дин Хендерсон е подготвен да го напушти англискиот клуб.

Наводно, талентираниот голман веќе го известил Оле Гунар Солсјаер дека планира да си замине, сето тоа затоа што не сака да ја загрева клупата покрај Давид де Хеa.

На крајот на краиштата, ако нешто не се смени и тој се уште е на клупата, тој е свесен дека ќе остане без да замине на Европското првенство со репрезентацијата на Англија, и затоа е подготвен да замине во друг клуб во јануари.

Тој би сакал да замине на позајмица бидејќи сè уште се гледа себеси во иднина на голот на „црвените ѓаволи“, а Лидс Јунајтед и Брајтон се можни дестинации за голманот кој бранеше за Шефилд Јунајтед во последните две сезони.

Ова лето се врати во Манчестер и потпиша нов петгодишен договор со неговиот матичен клуб.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.