Хесус си ја отвори душата и го откри сиот валкан веш на Пеп Гвардиола!

Во трансфер вреден 52 милиони евра, бразилскиот напаѓач Габриел Хесус ова лето се пресели од Манчестер Сити во Арсенал.
Тој игра за Манчестер Сити од 2017 година, но во интервју за ESPN откри дека бил принуден да го напушти клубот поради одредени несогласувања со Пеп Гвардиола.
За шпанскиот стручњак, Бразилецот изјави дека му вршел огромен притисок, и дека не покажал флексибилност.
„Се започна од тоа како Гвардиола го разбира фудбалот и што сака. Мора да прифатите што сака, нема друг начин. Ако не прифатите, тој вели „благодарам“ и ви предлага да барате друг предизвик.
Некое време ја прифаќав таа ситуација, но дојде момент кога реков „сакам нешто друго за себе“. Му се заблагодарив и продолжив понатаму.
Работите се поинакви во Арсенал, поинаков е фудбалот. Артета се однесува поинаку со играчите и јас го разбирам тоа. Во Манчестер Сити, напаѓачот всушност не ја допира топката.
Сега сум слободен, можам повеќе да се движам на теренот и играм фудбал со насмевка на лицето, обидувајќи се да дадам се од себе“, изјави Габриел Хесус во интервју за ESPN Бразил.
Се чини дека Хесус направи добар потег со преселбата во Арсенал, со оглед на тоа што постигна четири гола и додаде три асистенции на седум натпревари за „топчиите“.
И покрај се, тој дефинитивно ќе се сеќава со љубезност на времето на Етихад. Габриел Хесус освои 11 трофеи во Манчестер Сити: четири титули во Премиер лигата, еден ФА Куп, четири Лига Купа и два Англиски Суперкупа.



