SportM
Фудбал

Хет-трик на Кејн! Баерн го уништи Дармштад, што ако Ундав беше како Гираси…

Д М28 окт 2023
Хет-трик на Кејн! Баерн го уништи Дармштад, што ако Ундав беше како Гираси…

Фудбалерите на Баерн Минхен убедливо го победија Дармштад на „Алијанц Арена“ со 8:0 (0:0) во меч во кој по речиси една година се врати Мануел Нојер.

Натпреварот беше отворен со црвен картон за Јосуа Кимич во 4. минута, а потоа Петерсен дивееше и до 41. минута исклучи двајца играчи на Дармштад – Ѓасула и Маглика. Баерн знаеше како да го искористи тоа и со шест гола ја наполни мрежата на ривалот до врв, а се започна во 51. минута кога Хари Кејн со глава ја затресе мрежата на гостите. Потоа погодија и Сане (двапати), Мусиала (два) и Милер, но моментот на денот се случи во 69. минута кога Хари Кејн во контранапад го совлада Шуен од половина терен. Капитенот на Англија на самиот крај го комплетираше вториот хет-трик сезонава.

Фудбалерите на Штутгарт беа поразени од Хофенхајм во својата Мерцедес Бенц Арена со 2:3 (0:2).

Овојпат домашните не можеа да сметаат на најдобриот стрелец во Бундеслигата, Серо Гираси, кој го пропушти натпреварот поради повреда, па Денис Ундав играше од почеток. Турчинот не се прослави и очигледно е дека нападот на Штутгарт изгледа апсолутно поразлично од голгетерот од Гвинеја.

Рано, Хофенхајм поведе откако Вут Вегхорст не успеа да го победи Нибел, но играчот од средниот ред Промел убаво го следеше тоа, натрча на топката и ја испрати во мрежата. Веднаш Штутгарт можеше да израмни по грешка при врачување на топката од играч на Хофенхајм, но Ундав беше непрецизен. Казната дојде во 21. минута кога Вегхорст беше прецизен од белата точка. Разочарувачкото попладне на Денис Ундав продолжи и во 31. минута кога промаши и пенал…

Подоцна Ундав успеа да го врати Штутгарт во игра со одлична асистенција со петтата за Фухрик во 60. минута, но Хофенхајм врати два гола предност преку Сков. Но, Ундав имаше игра на ролеркостер и најде пат до мрежата кога погоди во 74. минута за 2:3!

Феноменален натпревар беше забележан и на стадионот „ВВК Арена“ во Аугсбург, каде домашната екипа го совлада Волфсбург и победи со 3:2. Арне Енглес постигна гол во 82. минута со кој играчите на Аугсбург ги донесе трите бода. Унион Берлин продолжи да тоне и загуби од Вердер Бремен со 2:0, додека Борусија Менхенгладбах го победи Хајденхајм со 2:1.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.