Connect with us

Фудбал

Холандски второлигаш му се потсмева на Сити: Ако сакате да примите само два гола, јавете ни се! (ФОТО)

Второлигашот на Холандија МВВ Мастрихт вчера загуби со 1:2 во натпреварот од 2.коло од Купот на Холандија против Феенорд. По тој резултат ја искористи приликата да го исмева Манчестер Сити, англискиот гигант кој доживува криза. Актуелниот англиски шампион е во лоша серија во која победи само еднаш во последните 11 натпревари. Осум пати загуби, а два пати ремизираше.

Едно од тие реми беше на мечот во Лигата на шампионите против Феенорд, против кој водеше со 3:0 до 74. минута, а на крајот одигра 3:3. Клубот, кој 25-та последователна сезона игра во холандската втора лига, го означи Манчестер Сити на социјалните мрежи по испаѓањето и напиша: „Ако сакате да научите како да примите само два гола од Феенорд, јавете ни се“. Двата гола за Феенорд на вчерашниот натпревар ги постигна Запикено Редмонд, додека стрелец за МВВ Мастрихт беше Илано Силва Тимас.