Храбарите Швајцарци со играч помалку бараат чудо во продолженијата

Во моментов Швајцарија и Шпанија играат четвртфинален натпревар на Европското првенство.
Шпанија одлично го отвори натпреварот и поведе со 1:0 во осмата минута.
Жорди Алба шутираше од врвот на шеснаесетникот, а топката ја фати Закарија и заврши во мрежата на Сомер.
Сепак, во средината на второто полувреме, Швајцарија дојде до израмнување на овој натпревар.
Шпанците прават голема грешка во одбраната, а тоа го користи Фројлер кој го ангажираше Шаќири, и тој погоди за 1:1.
Само неколку минути подоцна Фројлер доби директен црвен картон по фаулот над Морено.
Но, Швајцарија издржа до крајот на регуларниот дел од натпреварот и ќе гледаме продолжение во „Гаспром Арена“.
Сигурно е дека Шпанците ќе напаѓаат од првата минута за да избегнат пенали, а на Швајцарците им останува да чекаат на контранапад и да го бранат својот гол.



