Храбриот Евертон го напушти „Стемфорд Бриџ“ непоразен

Коронавирусот создава огромни проблеми во Англија, но вечерва се одигра дуелот од 17. коло помеѓу Челзи и Евертон.
„Карамелите“ имаа многу проблеми со составот токму поради короната, недостигаа седум стандардни фудбалери, па настапија во комбиниран состав на „Стемфорд Бриџ“.
Секако, гледајќи ја целата ситуација во текот на сезоната, но и вечерва, Челзи беше фаворит.
Сините имаа урагански напади, а во првиот час упатија дури 20 удари кон голот на гостите.
Сепак, отпорот на тимот на Ливерпул беше скршен дури во 70. минута. Џејмс асистираше, а Маунт погоди за 1-0.
Челзи како да го приведе рутинскиот натпревар кон крајот, но шокот дојде во 74. минута. Гордон одлично го искористи Брентвејт кој погоди за 1-1.
До крајот на дуелот домаќините се обидоа да стигнат до победничкиот гол, но гостите издржаа, конечните 1:1 останаа за голем бод на Карамелите.



