SportM
Фудбал

Хрватска остана без селектор, по девет години Далиќ замина!

Редакција8 јул 2026
Хрватска остана без селектор, по девет години Далиќ замина!

По завршувањето на Светското првенство репрезентацијата на Хрватска остана без селектор. По денешниот состанок со претседателот на ХНС Маријан Кустиќ договорено е Далиќ да ја напушти функцијата селектор на Хрватска.

„Скромно доаѓање. Незаборавен пат. Достоинствено простување. По девет години селекторот Златко Далиќ донесе одлука да ја заврши неверојатната ера на чело на „ватрените“. Селекторе, благодарност за победите, успесите, пласманите, медали, заедништвото, почитувањето и борбата за Хрватска на терен и надвор од него. Резултатите зборуваат за тоа каков тренер беше, за почитта од играчите, соработниците и противниците за тоа каква личност си“, стои во соопштението на ХНС.

Далиќ на кормилото на Хрватска дојде во 2017 година, во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 кога и освои сребрен медал (најголем успех за хрватскиот фудбал). Четири години подоцна во Катар го освои третото место, а ја водеше Хрватска и во финалето на Лига на нациите.

На Мундијалот во САД, Хрватска беше елиминирана во 1/16 финале од Португалија по поразот со 2:1.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.