Хуан Мата постигна договор со турскиот гигант?

Договорот на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата ова лето истекува и, според се, Шпанецот нема да потпише нов.
Галатасарај, сака да ја искористе оваа ситуација и е подготвен да му понуди три-годишен договор на Мата.
Мата оваа сезона играше во 32 натпревари за Манчестер Јунајтед, од кои на 21. започнуваше од првата минута.
Неколку клубови се заинтересирани за неговите услуги, бидејќи неговата плата нема да биде голем проблем за повеќето клубови.
Според некои извештаи, Шпанецот е подготвен да потпише за Галатасарај кој ќе игра во Лигата на шампиони следната сезона, и тоа е токму она што го заинтересира овој играч од средниот ред.
Некои извештаи од Турција велат дека Мата веќе постигнала усмен договор за условите.
SON DAKİKKA | Juan Mata, Galatasaray ile prensip anlaşmasına vardı. [Record] pic.twitter.com/HZuoBykUdy
— Manchester United TR (@RedDevils_TR) June 10, 2019
https://twitter.com/TFNews1923/status/1138012761944969218



