Хумелс беше заборавен на стадионот и никој не сфати дека тој не е во автобусот
Д М8 апр 2021

Пред неколку дена му се случи неверојатна ситуација на фудбалерот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс.
После натпреварот против Келн на 20 март, искусниот дефанзивец мораше сам да се врати дома во Дортмунд бидејќи апсолутно никој не сфати дека Хамелс не се наоѓа во автобусот.
Остатокот од тимот беше во автобусот. Хумелс не беше меѓу нив и никој не забележа дека еден од најискусните фудбалери не е на пат од Келн до Дортмунд.
На крајот несреќниот Хамелс мораше да се врати дома сам, но тоа не беше голем проблем за него.
Растојанието помеѓу двата града е 98 километри со автомобил, но сигурно звучи неверојатно дека беше заборавен по натпреварот.
Хумелс одигра скоро 400 натпревари за Борусија.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



