И Клоп се шокираше кога Венгер го прочита неговото име: „Сакав да бидам љубезен…“

Клоп ја освои наградата за најдобар тренер, доделена од ФИФА.
Поради пандемијата на коронавирус, оваа церемонија се прави преку Интернет, а со добитниците на наградите може да се контактира преку видео врска.
Но, големото изненадување беше за време на доделувањето на наградите за најдобар тренер во 2020 година. Во конкуренција беа Марсело Биелса, Ханси Флик и Јирген Клоп, а сите беа шокирани кога Клоп ја освои наградата.
Многумина беа сигурни дека оваа награда ќе му припадне на Флик, кој освои се што можеше со Баерн, но тоа не се случи.
Кога Арсен Венгер прочита дека Клоп е најдобриот тренер во светот за оваа година на лицето на германскиот тренер можеше да се види колку тој беше шокиран. Тој самиот призна дека сакал да покаже љубезност дека ќе одговори преку видео, но дека воопшто не очекувал да ја освои
наградата.



