SportM
Фудбал

И Лука Јовиќ се огласи по освојувањето на титулата

Д М17 јул 2020
И Лука Јовиќ се огласи по освојувањето на титулата

Напаѓачот на Реал, Лука Јовиќ, е среќен откако ја освои титулата во Ла Лига.

Иако Јовиќ пристигна како големо засилување од Ајнтрахт минатото лето, тој не играше премногу во првата сезона на „Сантијаго Бернабеу“, па на крајот постигна само два гола. Покрај Карим Бензема, играчот на српската репрезентација навистина немаше што да бара, па сигурно е дека тој ќе го напушти тимот ова лето.

Јовиќ имаше лоши периоди во шпанската престолнина, но тој сепак е пресреќен и може да се пофали дека ја освои титулата со најголемиот клуб во светот.

„Многу сум среќен што сум дел од оваа екипа. Честитки до сите за одлична сезона“, напиша Јовиќ, кој одигра 16 натпревари.

Тој објавил фотографии со Зинедин Зидан и Лука Модриќ за време на прославата на 34. титула.

https://www.instagram.com/p/CCuGg5QIqSX/?utm_source=ig_embed

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.