Ибрахимовиќ го избра најдобриот фудбалер во историјата: „Сакав да бидам како него, но не бев брз“

Златан Ибрахимовиќ по свој вкус го избра најдобриот играч во историјата.
Изминативе денови Ибрахимовиќ привлече големо внимание надвор од теренот со објавувањето на новата биографска книга наречена Адреналин.
Швеѓанецот, исто така, даде серија интервјуа за различни италијански медиуми, меѓу кои и угледниот весник „Кориере дело спорт“.
Ибра во интервју за ЦДС го избра најголемиот спортист, а потоа и најдобар фудбалер на сите времиња. Некои ги изненади, а некои не.
Тој го избра Мухамед Али за најголем спортист. Тој објасни дека тоа не е само поради тоа што го правел во рингот туку и воопшто поради неговото однесување.
„Поради неговиот карактер, неговата личност, поради тоа колку беше силен. Тој кажуваше работи и ги правеше“, објасни Ибра.
Тој го избра Роналдо Назари да Лима за најдобар фудбалер во историјата. Ова не е изненадување бидејќи отсекогаш му се восхитувал на легендарниот Бразилец.
Позната е сцената од пред 15 години пред миланското дерби кога Ибрахимовиќ како член на Интер со насмевка на лицето гледаше во својот идол кој тогаш настапуваше за Милан.
https://youtu.be/F8hAM8ALmaA
“Роналдо Феномено е најдобар за мене. Подобар од Марадона? Не го гледав, можеби во втората генерација е најдобар од сите. Но, Роналдо го гледав во живо и го имитирав како дете. Се обидов, но јас не можев, не бев толку брз како него“.
Тој не ги стави во потесниот круг на Кристијано Роналдо и Лео Меси, а меѓу двајцата се одлучи за Аргентинецот.
„И двајцата се многу добри. Би бил тежок избор. Ако треба да изберам, го избирам Меси затоа што играв со него, го видов одблиску и знам дека се што прави е природно“, изјави Ибрахимовиќ.



