Ибрахимовиќ, и покрај силните болки, ја отстрани една од своите најпознати тетоважи (ВИДЕО)
Редакција21 јул 2025

Фото: tv21m
Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ ја отстрани една од своите најпознати тетоважи, која се наоѓаше на левата страна од неговото тело.
„Само Бог може да ми суди“ пишуваше на левата страна од телото на Ибрахимовиќ, но прочуениот Швеѓанец сега се погрижи таа тетоважа да биде отстранета со ласер.
За време на отстранувањето, доживеал силни болки, што може да се види и во видеото кое го објави на Инстаграм.
Инаку, неговото тело е украсено со бројни тетоважи, но оваа има посебна приказна. Таа беше направена во студиото East Street Tattoo во Стокхолм, ден пред квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Исланд на 10 октомври 2005 година.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



