Ибрахимовиќ не може без балканска музика, на Тиери Анри среде студио му го пушти хитот на телефон (ВИДЕО)
Редакција15 јун 2026

Легендарниот Швеѓанец Златан Ибрахимовиќ и претходно покажуваше наклонетост кон музиката од Балканот, кога на Сан Ремо фестивалот ја прослави песната„Јутро је“ на Нада Топчагиќ. Сега одлучи на американската публика да ѝ претстави уште еден голем хит од овие простори.
За време на емисијата ја пушти песната „Луда за тобом“ на Лепа Брена. Додека траеше песната, Ибрахимовиќ не криеше дека ужива во нумерата, што ја разбуди љубопитноста на водителот на емисијата.
„Кој е изведувачот и за што се пее во песната?“, праша водителот.
Ибрахимовиќ кусо одговори.
„Не можам да ти објаснам. За љубов се работи.“
Ситуацијата дополнително ги насмеа гледачите поради Тиери Анри, кој се обидуваше да ја прикрие непријатноста гледајќи во својот телефон.
Сподели
Поврзани вести

ВАР-судија е под истрага бидејќи покажал расистички симбол за време на телевизискиот пренос од натпреварот меѓу Германија и Курасао (ВИДЕО)

Швеѓанецот постигна прекрасен гол против Тунис, но не сакаше да слави: Причината е почитта кон неговиот татко! (ВИДЕО)

Реал Мадрид потврди: Кукуреља е нов „Крал“!
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.
