SportM
Фудбал

Ибрахимовиќ нема дилема за тоа кој е најдобар: „Играв со него, знам што зборувам“

Д М23 јан 2022
Ибрахимовиќ нема дилема за тоа кој е најдобар: „Играв со него, знам што зборувам“

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ даде интервју за француски „L’Equipe“.

Ибрахимовиќ од 2012 до 2016 година го носеше дресот на ПСЖ кој тогаш, исто како и денес, имаше многу ѕвезди во својот состав. Говорејќи за „L’Equipe“, Ибра се осврна на актуелниот париски тим, но и голманот Џанлуиџи Донарума.

„Во мојот свет, Донарума денес е број еден. И не знам дали е добро да се менуваат голманите, како што е случајот денес во ПСЖ. Како и да е, навикнат сум да имам голман кој е број 1 и кој е секогаш ист. А за Донарума нема за што да се зборува, тој е најсилниот на светот. Играв со него, знам што зборувам“, изјави Ибрахимовиќ.

Тој го спомна и еден од неговите поранешни соиграчи, Марко Верати, 29-годишен италијански играч од средниот ред кој се уште е во ПСЖ.

Верати несомнено е еден од најдобрите на својата позиција“, изјави Швеѓанецот.

Инаку, тој за француските весници потврди дека неговата кариера се уште не е завршена.

„Нормално е на 40 години да си дома, да запалиш цигара и да си задоволен од кариерата што ја имаш. Сеуште не сум подготвен да пушам цигара“, изјави Златан.

Ибрахимовиќ има настапувано во Шпанија, Франција, Англија, а моментално е во Италија. Тој постигна преку 300 голови во најсилните лиги во светот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.