Ибрахимовиќ реши да го напушти Милан, а веќе е познато каде ќе ја продолжи кариерата

Златан Ибрахимовиќ успеа да се опорави од повредата, а синоќа играше неколку минути на натпреварот помеѓу СПАЛ и Милан.
Искусниот напаѓач пристигна во Милано на почетокот од оваа година како слободен агент и потпиша договор до крајот на сезоната. Иако покажа дека дури на 38-годишна возраст може да биде одлично засилување, очигледно е дека Ибра нема да остане долго на Сан Сиро.
Скај Спортс денес објави дека Ибрахимовиќ им соопштил на челниците на Милан дека нема да го продолжи договорот и дека ќе го напушти клубот на крајот на оваа сезона. Иако Ибрахимовиќ наполни 39 години во октомври, тој сè уште не размислува за пензија.
Наводно, Ибрахимовиќ ја донел одлуката да се врати во Шведска кога неговиот договор истекува на 31 август. Ибра најверојатно ќе потпише за Хамарби, со кого тренираше за време на паузата во Серија А.
Ибрахимовиќ одигра 11 натпревари од враќањето во Милан, постигнувајќи четири гола.



