SportM
Фудбал

Ибрахимовиќ втора година по ред не е шведски фудбалер на годината

Д М13 ное 2018
Ибрахимовиќ втора година по ред не е шведски фудбалер на годината

Од 2007 до 2016 година, Златан Ибрахимовиќ ги освои сите десет награди за шведски фудбалер на годината.

Меѓутоа, ова е втора година по ред како Ибра не го доби тоа признание. Минатата година добитник беше Андреас Гранквист, а оваа Виктор Линделоф.

Стоперот на Манчестер Јунајтед зад себе има сосема солидна година која веројатно најмногу ќе се памети по успехот на репрезентацијата на Шведска во Светското првенство во Русија, каде екипата, изненадувачки дојде до четврт-финалето.

„Ова е голем ден за мене, па сакам да се заблагодарам на сите кои ме поддржаа. Многу ми значи што сум тука и што прв пат ја зимам оваа награда, прв пат во животот.“ кажа Линелоф.

Честитки за Виктор Линделоф, победникот на шведската „Златна топка 2018“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.