SportM
Фудбал

Иднината на Лингард во Јунајтед е неизвесна

Д М20 дек 2021
Иднината на Лингард во Јунајтед е неизвесна

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард е незадоволен од минутажата во тимот, но нема да го напушти клубот во зимскиот преоден рок, пренесуваат британските медиуми.

Иако се пишуваше дека самоиницијативно ќе си замине од „Олд Трафорд“ оваа зима, се чини дека доаѓањето на Ралф Рангник му ја смени позицијата и напаѓачот сега сака да остане за да се обиде на пролет да избори место на стартната позиција.

Во последно време се шпекулираше за негов трансфер во Њукасл бидејќи го посакува новото раководство на клубот, но сега е речиси сигурно дека тој трансфер нема да се случи, барем не во јануари, останува да видиме на лето.

Лингард оваа сезона одигра осум натпревари за Јунајтед, но не започна ниту еден.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.