SportM
Фудбал

ИФФХС го избра најдобриот играч и голман во 2021 година

Д М30 ное 2021
ИФФХС го избра најдобриот играч и голман во 2021 година

Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (IFFHS) го прогласи Полјакот Роберт Левандовски за најдобар фудбалер за 2021 година.

ИФФХС за разлика од Франс Фудбал наградата му ја додели на голгетерот на Баерн. Овој институт за прв пат го направи својот избор на најдобри фудбалери во светот, па Левандовски е главен победник со 150 гласови.

Втор беше Лионел Меси со 105 гласа, а трет Жорхињо со само 40 гласа.

Гласови добија и Кевин де Брујн, Мохамед Салах, Килијан Мбапе, Кристијано Роналдо, Н’Голо Канте, Џанлуиџи Донарума и Ерлинг Браут Халанд.

Кога станува збор за голманите, наградата за најдобар ја доби Донарума со 175 гласови, следен од Мануел Нојер со 75 гласа, додека трет е Едуард Менди со 40 гласа. Следуваат Емилијано Мартинез од Астон Вила и аргентинската репрезентација со 25 и Јан Облак со 20 гласа.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.