Играчи кои ја губат вербата во Куман

Барселона на Роналд Куман се соочува со големи тешкотии, поради разочарувачките резултати по секои два или три добри настапи.
Против Валенсија, Барселона имаше шанси да ја обезбеди третата победа во низа, но повторно не успеа и некои играчи почнаа да ја губат довербата кај тренерот, според шпанскиот весник „Марка“.
На списокот на играчи кои ја изгубија довербата кај холандскиот селектор неодамна се приклучи и Французинот Клемент Ленглет, кој беше клучен играч заедно со Жерар Пике во дефанзивната линија, но сега на нивно место доаѓа двоецот од Барселона Б, Оскар Мингуеза и Роналд Араухо.
Неодамна се врати Самуел Умтити, кој доби зелено светло од медицинскиот персонал, но тренерот претпочиташе да игра со младинците.
Други играчи кои ја изгубија довербата кај тренерот се: Филипе Кутињо, Миралем Пјаниќ, Рики Пуиг, Тринкао, додека Антоан Гризман, Серхио Бускетс и Мартин Брајтвајт се разочарани од своите настапи и наскоро може да се зачленат на списокот.



