Играчот на Наполи доби најголема казна во времето на коронавирусот!
Д М3 јан 2021

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис е исклучително строг кон играчите на тој клуб и секое прекршување на договорот или дисциплината се плаќа дебело.
Виктор Осимхен ја доби веројатно најголемата парична казна откако се појави коронавирусот пред една година.
Нигерискиот напаѓач организираше забава без маски и задолжително растојание, а во јавноста излезе видео за прекршување на протоколот.
Кога дознаа за ова во Наполи, веднаш му изрекоа казна од 250.000 евра на Осимхен.
Да бидат работите уште полоши за овој 22-годишник по тестот, беше позитивен на коронавирус и засега не е познато кога ќе биде на теренот.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



