SportM
Фудбал

Играчот на Реал му одговори на Зидан: „Нема проблем, и јас не сакам да ја продолжам соработката со вас“

Д М17 јун 2019
Играчот на Реал му одговори на Зидан: „Нема проблем, и јас не сакам да ја продолжам соработката со вас“

Минатата недела, Реал Мадрид доведе неколку нови играчи, а Еден Азаер е, секако, највозбудливата работа.

Во наредниот период ќе следат заминувања, а Дани Себаљос дефинитивно ќе го напушти Кралскиот клуб, пишува „AS“.

„АS“ пренесува дека Зинедин Зидан на младиот играч од средниот ред му кажал дека не го гледа во неговиот проект и дека не се вклопува во неговите планови.

За време на интервјуто, младиот шпански репрезентативец даде му експлицитен одговор на францускиот експерт.

„Нема проблем, тренер, и јас не сакам да ја продолжам соработката со вас“, изјави Себаљос.

Тие двајца никогаш не биле во добри односи, а сега нивните патишта се дефинитивно разделени.

Себаљос го сакаат неколку клубови, а Тотенхем покажа најголем интерес во потрага по замена за Кристијан Ериксен.

Овој 22-годишен фудбалер пристигнал на „Сантијаго Бернабеу“ пред две години од Бетис, и беше платен 30 милиони евра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.