SportM
Фудбал

Играл речиси 300 натпревари за клубот, но не му е миленик на Артета, Арсенал го става на продажба за 60 милиони евра

SPORTM.mk25 авг 2026
Играл речиси 300 натпревари за клубот, но не му е миленик на Артета, Арсенал го става на продажба за 60 милиони евра

Габриел Мартинели се очекува да го напушти Арсенал во овие последни денови од трансфер-пазарот. Бразилскиот крилен играч е во последната година од неговиот договор со лондончаните, кој истекува во јуни 2027 година.

Бидејќи нема ново обновување, затоа што не е дел од проектот на Микел Артета, Мартинез треба да пронајде нов тим за следната сезона. Според англиските медиуми и не само тие, Мартинели е многу блиску до официјализирање во Ал-Хилал за сумата од 60 милиони евра, според условот поставен од Арсенал.

Во текот на целата кариера со Арсенал, Мартинели има 278 настапи. Тој има постигнато 62 гола и има дадено 38 асистенции. Минатата сезона тој ја освои Премиер лигата со клубот. Неговото место во тимот ќе го заземе трансферот направен ова лето, Христос Цолис од Клуб Бриж за 40 милиони евра.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.