Игуаин, Пјаниќ и Кедира добија дозвола да го напуштат карантинот

„Ла Репблика“ денес ја донесе објави за обид за бегството на напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин од карантинот и од Италија.
Аргентинецот, наводно, бил запрен на аеродромот Касел во Торино во моментите кога сакал да се качи на приватен авион чија дестинација била неговата родна земја.
„Ла Република“ тврдеше дека на овој начин Игуаин го прекршил наредбата за изолација на коронавирусот, а потоа „Газета дело Спорт“ објави дека Родриго Бентанкур – и неговото семејств – биле со искусниот напаѓач.
Сепак, Јувентус сега ги уверува италијанските медиуми, вклучително и „Газета дело Спорт“, дека се работи за недоразбирање, и дека на Гонзало Игуаин, но и на Миралем Пјаниќ и Сами Кедира им е дадена дозвола за напуштање на карантинот.
Игуаин, Пјаниќ и Кедира се во изолација уште од моментот кога нивниот соиграч Даниеле Ругани стана првиот заразен со коронавирус во Серија А. Тоа беше на 11-ти март.
Од минатата недела, тие беа преиспитани за коронавирус, беа негативни и им беше дозволено да ја напуштат земјата и да им се придружат на нивните семејства.
Сега Игуаин откри дека побара специјална дозвола затоа што неговата мајка, која е во Аргентина, е болна, а „Тутоспорт“ дури тврди дека Јувентус му обезбедил приватен авион.
Првата sвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо веќе некое време е во самоизолација во родната Португалија.
Кога станува збор за позитивни играчи на Јувентус, по Ругани, беше потврдено дека Блез Матуиди исто така е заразен со коронавирус.
Иако другите играчи се негативни, дел од италијанската јавност е незадоволна што на sвездите на Јувентус и на нивните семејства им е дозволено да патуваат додека целата земја е во изолација.



