SportM
Фудбал

Икарди ги налути навивачите на Интер

Д М1 мај 2020
Икарди ги налути навивачите на Интер

Мауро Икарди повторно се најде на удар на навивачи на Интер.

Иако е легенда на Интер и седмиот најдобар стрелец во клупската историја, навивачите не можат да мислат на Икарди и неговата сопруга и менаџер Ванда Нара.

Поради континуираниот испад на омраза, Икарди беше принуден да ја напушти „Меаца“ минатото лето и да замине во ПСЖ, а само еден потег беше доволен за повторно да ги налути навивачите.

Поточно, Бојан Кркиќ го сподели на Инстаграм споменот на натпреварот Барселона – Интер во Лигата на шампионите од пред 10 години, и напиша иронично „AniVARsario“, алудирајќи на фактот дека во тоа време немаше ВАР, што според него, не би дозволил да го поништат клучниот гол на Каталонците во финалето.

Тоа не би му сметало на навивачите на Интер доколку Икарди не ставеше лајк на објавата на Кркиќ, што, како што се очекуваше, резултираше со бројни навреди на негов трошок.

Сепак, многумина заборавија дека пред да дојде во Италија, Икарди помина три години настапувајќи за младинските категории во Барселона.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.