SportM
Фудбал

Икарди не ги затвора вратите на Интер

Д М17 дек 2019
Икарди не ги затвора вратите на Интер

Менаџерот и сопруга на фудбалерот, Ванда Нара зборуваше за иднината на аргентинскиот напаѓач.

Мауро Икарди е солиден во Париз, каде блеска во дресот на ПСЖ.

Аргентинскиот напаѓач е позајмен во францускиот клуб, а тие се заинтересирани за на крајот да го откупат неговиот договор.

Сепак, сопругата и менаџер на фудбалерот, Ванда Нара, не ја затвори вратата на Интер.

Таа не го исклучи можното враќање на 26-годишник во Италија.

Икарди има постигнато 13 гола на 16 настапи за ПСЖ оваа сезона.

„Јас сè уште живеам во Милано. Ќе видиме која е најдобрата работа во кариерата на Мауро. Откако ја добивме понудата од ПСЖ, знаевме дека тоа е добра можност за него. Но, не знам каде ќе нè води иднината. Сè уште сме со договор во Интер, Мауро има договор со Нероаѕурите“, изјави Нара за италијанската телевизија, „Канале 5“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.