Има 18 години и веќе вреди 100 милиони фунти

Борусија Дортмунд има уште еден капиталец во своите редови, а се работи за 18-годишниот крилен фудбалер,
Џејдон Санчо.
Борусија со години е позната по своите млади фудбалски ѕвезди и одлични таленти, а во моментов најбарани и најскапи играчи се Кристијан Пулишиќ и Џејдон Санчо.
Санчо е млад англиски репрезентативец кој бил поканет од Герет Саутгејт за дуелите со Хрватска и Шпанија.
Тој веќе има запишано веќе шест настапи оваа сезона, а наводно за него се заинтересирани неколку европски гиганти.
Во Дортмунд свесни се дека Манчестер Сити и Јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Челзи следното лето ќе сакаат да го купат, па поставиа цена од 100 милиони фунти.
Тоа би можело да биде уште една голема продажба на Борусија, по продажбата на Усман Дембеле во Барселона за 120 милиони фунти, минатото лето. И не е чудо што се нарекуваат милионери…



