Има многу недостатоци во одбраната, Мурињо наоѓа решение за следниот натпревар на Реал Мадрид
SPORTM.mk7 окт 2026

Со завршувањето на периодот на натпревари за Лигата на Нациите, за викендов се враќаат натпреварите од првенствата. Реал Мадрид е во деликатна ситуација во одбраната, каде што има неколку важни отсуства.
Дин Хујсен нема да биде на располагање поради црвениот картон добиен на последното дерби против Атлетико Мадрид, додека Едер Милитао и Раул Асенсио се повредени.
Во оваа ситуација, Мурињо е принуден да го повика Оскар Наасеи, 21-годишниот португалски дефанзивец, кој беше трансфериран летово од Гранада но за вториот тим, Реал Мадрид Кастиља.
Во текот на оваа недела тој тренираше со првиот тим и можеби Мурињо ќе му даде можност да дебитира во Ла Лига за време на викендот во натпреварот против Вилјареал.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



