SportM
Фудбал

Има само еден јасен кандидат за замена на Клоп

Д М26 јан 2024
Има само еден јасен кандидат за замена на Клоп

Фото: AUGSBURG, GERMANY – JANUARY 13: Head coach Xabi Alonso of Bayer 04 Leverkusen looks on prior to the Bundesliga match between FC Augsburg and Bayer 04 Leverkusen at WWK-Arena on January 13, 2024 in Augsburg, Germany. (Photo by Sebastian Widmann/Getty Images)

Поранешниот играч на Ливерпул, сега тренер на Баер Леверкузен за многумина е единствениот кандидат да го замени Јирген Клоп како менаџер на „црвените“ на крајот од сезоната, пренесуваат многу британски медиуми.

Германскиот стручњак претходно во текот на денот објави дека го напушта Ливерпул , две години пред истекот на договорот. Клоп пристигна на „Енфилд“ во октомври 2015 година, а оттогаш под негово водство клубот ја освои првата титула во Премиер лигата по 30 години, а освои и трофеј во Лигата на шампионите и ФА Купот, како и Светското клупско првенство.

„Сакам се што е поврзано со овој клуб, сакам се што е поврзано со овој град, сакам се што е поврзано со нашите навивачи, ги сакам нив, ги сакам луѓето во клубот. Сакам се. Но, фактот што ја донесов оваа одлука и покрај се, кажува колку сум сигурен дека морам да ја донесам“, рече Клоп.

Со оглед на начинот на кој беше објавена одлуката, се чини дека Ливерпул имаше барем неколку недели или дури месеци да се подготви за тоа, а можеби и да размислува за потенцијален наследник. А според мислењата на многумина, главен кандидат за менаџерската позиција од следната сезона е Алонсо, по се што демонстрираше на клупата на Баер Леверкузен.

Славниот шпански фудбалер од 2004 до 2009 година одигра 210 натпревари во дресот на Ливерпул, а во тој период со „црвените“ ја освои Лигата на шампионите, ФА Купот и Суперкупот на УЕФА. Претходно настапуваше за Сосиедад, а по „Енфилд“ во Реал и Баерн, додека со шпанската репрезентација освои две европски и една светска шампионска титула.

Од неговото пензионирање, тој се посвети на тренерската работа и напредуваше. Тој го водеше младинскиот тим на Реал, потоа вториот тим на Сосиедад, пред да го преземе Баер во 2022 година. Клубот од Леверкузен моментално го држи првото место во Бундеслигата со четири бода повеќе од Баерн.

Букмејкерите 1/1 му даваат шанса на Алонсо да биде на „Енфилд“ од лето, а што се однесува до останатите имиња кои се споменуваат, листата е интересна. Според обложувалниците, по Шпанецот следуваат Роберто де Зерби, Пеп Лејндерс, Јулијан Нагелсман, уште една поранешна легенда на Ливерпул, Стивен Џерард и Луис Енрике.

Што мислите, кој би бил идеалниот наследник на Клоп?

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.