Connect with us

Фудбал

Има тетоважа на раката со амблемот на Наполи, но сега би можел на клупата на Јуве, навивачите не се баш среќни!

Jувентус планира да го ангажира тренерот Лучијано Спалети, објави „Калчомеркато“. Страните се во напредни преговори.

Според италијанскиот медиум, 66-годишниот Италијанец со ентузијазам ја прифатил понудата. Неговата последна тренерска позиција беше во италијанската репрезентација, од која ќе беше отпуштен во јуни оваа година.

Вчера, Јувентус го отпушти тренерот Игор Тудор, кој беше во клубот од март 2025.

По осум натпревари, Јувентус има 12 бода и е на 8. место на табелата во Серија А.

Како што е познато пред да биде селектор на Италија, Спалети го освои Скудетото со Наполи. Во таа чест направи тетоважа на раката со амблемите на Наполи. Токму поради ова, навивачите на Јувентус се против негово ангажирање. Но, сепак италијанските медиуми објавуваат дека наскоро преговорите би можеле да се официјализираат.