Имаме право да сонуваме, доаѓа првата реакција од Интер по ждрепката во Лигата на шампионите

Интер, исто како и другите екипи, попладнево ги дозна осумте противници за групната фаза во Лигата на шампионите. Ждрепката ги стави црно-сините против Ливерпул и Реал Мадрид, но тоа воопшто не ги спречува да сонуваат за трофејот.
Претседателот на Интер, Бепе Марота, инсистира дека тие „имаат право да сонуваат“ во Лигата на шампионите.
„Ние треба да бидеме секогаш амбициозни, ние сме тим што имал силни настапи во Лигата на шампионите во последните години. Имаме квалитет, но и право да сонуваме.
Свесни сме дека нашиот пат зависи и од тоа како ќе напредуваат другите екипи, бидејќи овој нов формат го направи натпреварувањето многу непредвидливо, па ќе биде тешко да се каже до последниот момент кој директно ќе помине.
Ова е деветта година по ред како Интер е во Лигата на шампионите, така што тимот сега е постојано присуство во ова натпреварување“, рече Марота.
Поврзани вести

УЕФА го изненади светот со неочекувана награда, првиот добитник во историјата е Маркињос

Барса против ПСЖ и Сити, Реал против Интер и Арсенал, ќе имаме супер мечеви, извлечени паровите за ЛШ

