Connect with us

Други спортови

Имане Келиф пречекана како херој во Алжир: Сите тие напади даваат посебен шмек на победата (ВИДЕО)

Олимписката боксерска шампионка Имане Келиф доби фантастичен пречек во родниот Алжир, откако го освои златниот медал во Париз среде многу контроверзии. Алжирската освојувачка на златен медал во бокс во полутешка категорија синоќа пристигна во главниот град на нејзината земја заедно со другите освојувачи на медали како што се гимнастичарката Кајлија Немур и тркачот Џамел Сеџати.

Приемот го организираше министерот за спорт Абдерахман Хамад, а до крајот на неделата трофејните олимпијци од Алжир ќе се сретнат и со претседателот Абделмаџид Тебуне. Келиф стана една од главните приказни на Олимписките игри во Париз откако нејзината ривалка Анџела Карини се повлече во првата минута од нивната борба. Италијанката низ солзи изјави дека никогаш не добила толку силен удар.

Јавноста потоа „експлодирала“, меѓу кои и бројни познати личности, ја доведувале во прашање нејзината соодветност и лажно тврдејќи дека е машко поради вишокот тестостерон.

-Осум години ова беше мојот сон, а сега сум олимписки шампион и освојувач на златен медал. Сите овие напади му даваат посебен шмек на мојот успех“, изјави Келиф пред насобраните навивачи.