SportM
Фудбал

Имаше сè договорено со Барселона, но понудата на Реал Мадрид едноставно не се одбива

Д М24 јун 2022
Имаше сè договорено со Барселона, но понудата на Реал Мадрид едноставно не се одбива

Марко Асенсио има неизвесна иднина во Реал Мадрид, иако изјави дека сака да остане на „Сантијаго Бернабеу“.

Наместо тоа, раководството на клубот сака да го продаде ова лето, а во таа смисла веќе се појавија три екипи заинтересирани за услугите на Шпанецот.

Додека не дознае каде ќе игра Асенсио следната сезона, неговиот поранешен менаџер Хорасио Гаџиоли даде интервју во кое откри дека напаѓачот имал можност да игра за ривалот Барселона, но Реал Мадрид успеал да го киднапира.

 

„Марко е играч на Реал Мадрид и доколку му се укаже потребната можност, ќе може да направи разлика во Реал Мадрид.

Тој имаше целосен договор со Барселона, но проектот презентиран од Реал Мадрид беше невозможно да се одбие“, објасни Хорасио Гаџоли, пренесува Менаџмент Мадрид.

 

Да потсетиме, Реал Мадрид го купи Марко Асенсио од Мајорка во летото 2015 година, за речиси четири милиони евра.

 

Асенсио минатата сезона одигра 42 натпревари за Реал Мадрид и успеа да постигне гол 12 пати, додавајќи уште две асистенции.

 

Треба да се спомене и дека со Асенсио се поврзуваат англиските ривали Ливерпул и Манчестер Јунајтед, но засега нема ништо конкретно по тоа прашање.

 

 

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.