Имобиле може да слави: Сари го разочара Роналдо пред гостувањето во Каљари

Фудбалерите на Јувентус утре го играат натпреварот од 37. коло од италијанската Серија А против Каљари.
Јувентус ја обезбеди италијанската титула во последното коло со победа против Сампдорија и јасно е дека Маурицио Сари утре ќе ги одмори повеќето од првите играчи на тимот. Се очекува повеќето од играчите и стартната постава да не ги играат преостанатите две кола и дека ќе бидат „зачувани“ за реваншот против Лион во Лигата на шампионите.
„La Gazzetta dello Sport“ пишува дека утре Сари нема да смета ниту на Кристијано Роналдо, иако португалскиот фудбалер покажал желба да ги одигра преостанатите два меча за да стигне до титулата најдобар стрелец.
Роналдо се бори за титулата со Чиро Имобиле, кој постигна 34 гола, додека Роналдо има 31 гол. Но, се чини дека Сари реши да го одмори Роналдо и да му каже дека најважно е сега да се фокусираме на мечот против Лион.
Јувентус ќе се сретне со Лион следната недела во повратниот натпревар од 1/8 финалето и ќе се обиде да го надомести заостатокот од првиот натпревар кога францускиот тим славеше пред своите навивачи со 1:0.



