SportM
Фудбал

Имобиле: Сакам да бидам како Ибрахомовиќ

Д М25 ное 2020
Имобиле: Сакам да бидам како Ибрахомовиќ

Лацио го победи Зенит на синоќешниот натпревар од Лигата на шампионите, а двоен стрелец беше Чиро Имобиле.

Одличниот фудбалер неодамна излезе од карантин кој се должеше на коронавирусот, а исто така покажа дека целосно се опорави против рускиот тим.

“Кога играм фудбал се чувствувам како дете, па кога не можам да бидам на теренот, многу сум лут. Дадов сè на теренот и сакав да придонесам за соиграчите кои беа толку добри на претходните натпревари”, рече Имобиле и додаде:

 
“Кога фудбалер како Кристијано Роналдо доаѓа во Серија А, предизвик е да ги надминете границите и да видите на кое ниво сте. Јас го сторив истото во случајот со Златан Ибрахимовиќ. Треба да ги проучите овие одлични фудбалери, кои соборуваат рекорди и покрај нивната возраст. Имам 30 години и Сеуште се чувствувам многу млад. Се надевам дека ќе продолжам како Ибра и ќе бидам во таква форма во тие години “, заклучи Имобиле.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.