SportM
Фудбал

Иниеста го крунисува Јамал: Не е нормално, ако застанеш и размислиш за сè што претстои…

SPORTM.mk5 окт 2026
Иниеста го крунисува Јамал: Не е нормално, ако застанеш и размислиш за сè што претстои…

Легендата на Барселона, Андрес Иниеста, го смета за извонреден напредокот на Ламин Јамал, оценувајќи го талентот и многуте освоени трофеи на толку млада возраст.

„Не, не е нормално, бидејќи ако беше, ќе имаше многу други играчи што би можеле да го сторат тоа. Не е нормално и она што е убаво и важно во сето ова е неговата амбиција, природен талент. Кога ќе застанеш и размислиш за сè што му претстои на неговата возраст, тоа е прекрасно“, – изјави Иниеста во разговор за „Мундо Депортиво“.

Понатаму, поранешниот играч од средниот ред ја истакна предизвикот што ги чека Јамал и останатите млади играчи на Барселона: „Единственото нешто е дека вистинскиот предизвик за фудбалерите и за тимови како Барса е да се повторат година по година. Со други зборови, не е важно тоа што веќе си освоил, туку тоа што треба да продолжиш да го освојуваш секоја сезона. Тоа е клучот и предизвик со кој се соочуваат овие момци, кои на нивна возраст веќе освоиле многу важни трофеи; некои од најважните во фудбалот. Сега знаат дека секоја година треба да го повторат овој успех“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.