SportM
Фудбал

Инсиње би можел да го продолжи договорот со Наполи

Д М15 апр 2020
Инсиње би можел да го продолжи договорот со Наполи

Се очекува италијанскиот напаѓач да потпише нов договор, кој би го „врзал“ со неаполскиот клуб до 2025 година.

Лоренцо Инсиње се очекува да потпише нов договор со Наполи. Веста ја објави италијанскиот портал „Калчомеркато“.

Италијанскиот напаѓач има договор со клубот од Серија А до 2022 година. Но, според новиот договор, 28-годишникот ќе потпише до 2025 година.

Италијанскиот репрезентативец беше еден од главните играчи во „Сан Паоло“ во последните години.

Тој имаше понуди од други клубови, но се чини дека реши да остане лојален на Наполи.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.