SportM
Фудбал

Интер бара 85 милиони евра за Шкриниар

Д М6 мар 2020
Интер бара 85 милиони евра за Шкриниар

Словачкиот фудбалер го привлече вниманието на актуелниот шампион на Англија Манчестер Сити, кој за него претходно понудил 65 милиони евра.

Манчестер Сити е заинтересиран за играчот од средниот ред на Интер, Милан Шкриниар. Веста ја објави италијанскиот портал „Калчомеркато“.

Словакот стана мета на најголемите европски клубови по импресивни настапи со Нероаѕурите.

Се пишува дека, Интер за Словакот во минатото добил понуда од 65 милиони евра, но експресно беше одбиена.

Сепак, Интер сега бара нешто помалку од 85 милиони евра за 25-годишниот дефанзивец.

Останува да се види дали граѓаните се подготвени да ја платат оваа бројка за играчот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.