Интер ги „потопи“, а тие викаат: „Ни ограбија“

Наполи синоќа беше надигран и декласиран од Интер во дербито од 14. коло во Серија А, но контроверзниот сопственик на италијанскиот шампион Аурелио Де Лаурентис тврди дека неговиот тим бил „ограбен“!
„Се чувствуваме ограбени, тоа е единственото нешто што може да се каже по вакво судење“, рече Де Лаурентис.
Интер славеше на „Марадона“ со убедливи 3:0 и со тоа го потврди првото место на табелата. Интер има 35 бодови, Јувентус 33, Милан 29, додека Наполи моментално е само на петтото место и има дури 11 бодови помалку од Интер.
„Судијата Давиде Маса немаше своја вечер. Тој направи неколку клучни грешки и сите беа на наша штета. Тоа влијаеше на резултатот“, рече првиот човек на Наполи и ги повика челниците на италијанскиот фудбал и судиската комисија да реагираат. на настаните во Неапол.
Во исто време, Де Лаурентис му забрани на новиот тренер Валтер Мацари да се појави пред новинарите, бидејќи, според него, Мацари бил уште полут од него по натпреварот.



