SportM
Фудбал

Интер го договори првото засилување, стигнува „зимската“ желба

E R15 апр 2020
Интер го договори првото засилување, стигнува „зимската“ желба

Додека се чека одлука дали и како ќе продолжи сезоната во Серие А, Интер работи на составот за следната сезона. Според „Газета дело Спорт“ тимот од Милано веќе се договорил со Оливие Жиру.

Тој во моментов е член на Челзи, но договорот му истекува на лето. Жиру беше желба на Антонио Конте во зимскиот преоден рок, тоа го потврди и самиот фудбалер, но од нејасни причини трансферот не се реализираше.

Наводно, сега се е договорено па Жиру по крајот на сезоната ќе пристигне во Интер.

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.